Некои врски, ако верувате во астрологијата, едноставно не можат да успеат. Затоа поштедете се себе си од разочарување па видете кои знаци никако не се за вас.
Овен и Близнаци
Овните се секогаш расположени за нови љубовни авантури, па често во врска се впуштаат непромислено. Не сакаат луѓе кои многу кукаат. Не се согласуваат со Рибите, кои се премногу емоционални за нив, со Близнаците постојано се расправаат и со Девиците.
Бикот никако со Стрелец
Со Биковите управува Венера, па тие се совршени за сериозна врска, но дури кога ќе најдат некој што им одговара. До тогаш уживаат во врскички. Најлошо се согласуваат со Овен, со кој поради јаките карактери често се расправаат, со Близнаците и со Стрелците.
Близнаците не се согласуваат со Рибите
Близнаците лесно се вљубуваат, но исто така лесно и престануваат да сакаат ако се разочарани. Ги одбиваат предвидливи луѓе. Во љубовта најлошо се согласуваат со Бик, кои се премалку амбициозни за нив, со Рак кои се премногу предвидливи и со Риби.
На Ракот не му оди со Овенот
Раковите се романтични души кои сакаат да се трудат околу вистинската љубов. Ги одбива егоизмот, а во врските најлошо се согласуваат со Стрелецот и покрај големата привлечност, затоа што никогаш не се сигурни во нив. Освен тоа, лошо функционираат и со Близнаци.
Лавот не може со Близнаците
Лавот во врската сака да почувствва сигурност и дека е на прво место на партнерот. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и пренесуваат лоша енергија. За нив најлоши партнери се Близнаците, кои премногу размислуваат, Рибите, кои ненамерно ќе ги повредат и Јарците.
На Девицата не и одговара Вагата
Тие внимателно го избираат партнерот, па тешко донесуваат одлука за некого да се врзат. Ги одбиваат пасивни луѓе и оние кои мудруваат. Најлошо им е со Овен, кои се поставуваат директорски над нив, но не им е сјајно ни со Вага, кои не ја разбираат нивната критичност.
Вагата не се согласува со Ракот
Вагите ги одбиваат оние кои лажат и кои не им оставаат впечаток дека се доверливи. Не можат со Девиците, кои се премногу комплицирани за нив, со Шкорпии кои им се премногу песимистични и со Раковите кои се премногу традиционални.
Шкорпијата не функционира со Овенот
Таа бара врски во кои ќе се чувствува исполнето. Најлоши се во комбинација со Овенот, со кои често се расправаат, со Близнаци кои ја поттикнуваат нивната љубомора, и со Стрелец со кои не се чувствува сигурно.
Стрелецот не може со Бикот
Тие во љубовт сакаат се или ништо. Ги одбиваат меланхолични и оние кои не знаат што би со себе. Стрелците се најлоши во комбинација со Бик, кој за нив е премногу посесивен, со Рак кој не е спонтан и со Девица.
Јарецот не е за врска со Овен
Јарецот на прв поглед изгледа како љубовта да не му е важна, но всушност така се брани од разочарувања. За нив не се врски со Овен, кои ги сметаат за нестрпливи и наивни, со Близнаци затоа што мислат дека немаат идеал кон кој тежат, како ни со Стрелец.
Водолија и Бик
Лесно се вљубуваат, но во врската се чувствуваат како да се заробени. Ги одбиваат неморални и провидни луѓе. Тие во љубовта не се согласуваат со Бик, затоа што не можат да им дадат сигурност, со Раковите кои им се досадни и со Девиците.
Рибите не можат со Овен
Рибите бараат идеален партнер од соништата, а ги одбиваат оние кои се однесуваат неразумно и оние кои имаат површни погледи на живот. Не се согласуваат со Овните кои им се агресивни и нетактични, со Близнаци кои немаат разбирање за другите и со Лавовите кои лесно може да манипулираат со нив.