Оваа 25-годишна дама месечно заработува 70.000 евра, еве како!

popara11 мај, 20161min00
Оваа 25-годишна дама месечно заработува 70.000 евра, еве како!
Зое Саг заработува огромна сума на пари, но уште попознатите од неа заработуваат многу повеќе пари, правејќи го токму ова…

Зое Саг, попозната како Зоела, има само 25 години, таа е од Брајтон, а овие денови се најде во центарот на британската јавност бидејќи е откриено дека таа заработува дури 70.000 евра месечно, исклучиво само водејќи го својот видео блог на друштвената мрежа Youtube.

Оваа млада дама неодамна дојде до волшебната бројка од 10 милиони “следбеници” на Youtube, а освен што заработува од прегледувањата на нејзините видео записи, публиката ѝ овозможи таа да потпише и неколку исклучително профитабилни спонзорски договори.

Саг својот Youtube канал го лансираше во месец декември, во 2009-та година, и одтогаш пред камерите главно говори за секојдневни животни теми. А помеѓу темите се и советите за фризура, шминка, облека и нокти, а интересно е дека таа објавува околу 5 видео записи месечно.

Но, според пишувањата на медиумите. Саг е само “мало бебе” во споредба со најголемите играчи на оваа друштвена мрежа. Најголема сума засега заработува Швеѓанинот Феликс Кјелберер, несомнено попознат по неговото алтер его PewDiePie, чиј канал им е посветен на видео игрите, а го следат повеќе од 40 милиони корисници. Тој заработува околу 12 милиони долари годишно и важи за “гејминг крал” на Youtube мрежата.

Одлично минуваат и комичарите и кулинарите, а своевремено стана вистински феномен и девојката којашто правеше рецензии на детски играчки – само во 2014-та година таа заработи пет милиони долари.