Сместена во подножјето на планината Фуџи, шумата Аокигахара е права природна убавица и би била идеално место за одмор и релаксација да не ужасната легенда која ја прати.
Станува збор за најозогласеното место во цела Јапонија, шумата самоубиец,
Легендата вели дека во древните времиња, јапонските семејства во периодоти на сиромаштија, најнеспособните членови ги носеле длабоко во шумата и ги оставале да умрат таму, како би го намалиле бројот на гладни усти. Напуштените имале спора и болна смрт со изгладнување, па се збори дека по Аокигохара лутаат душите на овие несреќни души.
Во оваа шума воопшто нема животни, а густите дрва го спречуваат продорот на ветрот, па овде владее неверојатен и апсолутен мир.
Дури и да не верувате во оваа легенда, има многу нови статистики. Во последните две децении „демонската шума“ како што ја нарекуваат локалните жители, била последно место на повеќе од 1000 несреќници кои решиле да извршат самоубиство, најчесто со бесење.
Само во 2010 во неа имало 57 самоубиства и покрај големиот број на знаци на англиски и јапонски кои ги повикуваат посетителите да не си го одземат животот.