
Жената позната под името Шенон се пријавила за емисијата „Hoarders“ која има за цел да ги исчисти највалканите куќи во кои луѓе со години таложеле работи и прљавштина, но оваа жена се разликувала по тоа што во својата куќа чувала пластични шишиња полни со измет.
Имено, Шенон своите физиолошки потреби ги вршела во канта, која кога би се наполнила, ја празнела во пластични шишиња и ги чувала низ куќата. Покрај тоа куќата е полна со ѓубре и крвави тампони кои се на земја.
Нејзината куќа константно била опкружена со смрдеа, а прљавштината и шишињата со измет биле по целиот стан и во дворот. Шенон во такви услови живеела со години, а најлошо е што најчесто изметот го користела како храна, затоа што тој е буквално секаде низ куќата.
На прашањето дали ги мие рацете после допирањето на прљавите шишиња пред да јаде, Шенон кратко и јасно одговори дека не го прави тоа.
Верувале или не оваа жена мислела дека куќата и смрди поради прашината и ѓубрето, а не поради изметот кој го имало насекаде. Таа исто така немала појма дека тоа е штетно по здравјето.