Припадниците на овие хороскопски знаци можеби ви делуваат психички стабилни, но се лажете…
Риби
Толкавата хиперсензибилност сместена во една личност неможе никому да му донесе ништо добро. Тие стандардно мислат дека ним секогаш им се случуваат најлошите нешта во животот и тоа воопшто неможат да го поднесат. Често умеат да кажат дека ќе полудат. Уште од пубертетот кај нив почнуваат да слабеат нервите, а со секоја несреќа во животот, така Рибите се се поблиску до амбисот. Повремените хистерични испади се својствени за нив, како разноразните фобии што периодично се менуваат но нивниот број не се намалува.
Водолија
Луѓето вообичаено ги доживуваат како непромислени личности. Од друга страна, нивните блиски сметаат дека Водолијата е исклучително силна личност што може да ги издржи сите проблеми. И навистина е така, се додека не прегори некоја жичка во главата. Затоа што колку и да изгледаат како весели и позитивни, во нив се крие голем депресивец.
Скорпија
Припадниците на овој знак важат за најмрачни личности. Освен што често делуваат намуртено, тие се и мошне агресивни. Кога ќе влезат во некоја мрачна фаза им проработува бесот па така надразнети склони се кон физичка пресметка и правење сцени. Покрај тоа, нив една нивна особина често може да ги пренесе на темната страна, а тоа е одмаздољубивоста.