
Ако сакате да испробате нова верзија на палачинки тогаш сте на вистинското место.
Италијанското сирење рикота е лесно и свежо, плус тоа е нискокалорично па затоа е одличен избор за овие палачинки.
Се подготвуваат брзо и лесно, и се повеќе од вкусни.
Состојки:
- 900 грама рикота сирење
- 1 јајце
- 180 грама брашно + уште малку за обликување на палачинките
- 110 грама шеќер
- Пола лажица брашно за пециво
- 1 лажица екстракт од ванила
- Малку масло за печење
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки брашното, шеќерот и прашокот за пециво.
Измешајте го јајцето со сирењето и додадете го екстрактот од ванила.
На крајот измешајте ги сите состојки заедно и мешајте додека да се добие густа и рамномерна смеса.
Со помош на обична лажица или лажица за сладолед земете парче од смесата, и ставете го во сад со брашно и потоа со рака направете топчиња кои на крај ќе ги сплескате за да се добие облик на мала палачинка.
Кога ќе ги обликувате сите палачнки, добро загрејте го маслото на тава и почнете да ги редите палачинките на неа.
Палачинката треба да се пече по 2-3 минути на секоја страна додека не се добие златно кафена боја.
Палачинките послужете ги топли со џем и кафе.
Имајте добар апетит!