Снежни топчиња

13 јануари, 20160
15

Колачиња кои лесно се подготвуваат и не се печат.

Состојки:

  • 200 грама бадеми
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 100 грама врела вода
  • 1 лажица кокосово масло
  • 100 грама брашно од бадеми
  • 260 грама шеќер во прав
  • Прстофат сол

Подготовка:

Бадемите ставете ги во сад и потопете ги со топла вода и оставете ги 2 часа за да омекнат.

Потоа исцедете ги и ставете ги во миксер заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и солта.

Миксирајте додека мешавината не стане густа паста.

Пастата ставете ја во сад и додадете го бадемовото брашно и се убаво измесете.

Со помош на лажица вадете од смесата и формирајте топчиња, кои потоа убаво ќе ги извалкате во шеќер во прав.

Готовите топчиња ставете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат за да станат цврсти.

Кога ќе се стврднат послужете ги веднаш или складирајте ги во сад кој не пропушта воздух и држете ги во фрижидер.

Имајте добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *