Американски стафорд териер тежок 44 килограми до смрт искаса три дена старо бебе кои со родителите било во креветот, соопшти во саботата градската полиција во Сан Диего.
Опишувајќи го овој трагичен случај, полицискиот наредник Ту Нгуен ко дошол на лице мести раскажал дека родителите биле во креветот со само што роденото момченце на коешто се нафрлил нивниот пес, 44 кгр тешкиот американски стафорд териер и почнал да го каса.
Родителите некако успеале да го одвојат детето од челуста на кучето, и итно го однеле во болница, но, за жал, му немаше спас, раскажал полицаецот.
Не сакал да каже како повреди му биле нанесени на детето, но изјавил дека верува оти кучето реагирало на ненадејно кашлање на мајката.
Одведено е во стационар за кучиња каде десет дена ќе мине во карантин, по што родителите на детето ќе можат да донесат одлука дали да се евтаназира нивниот двегодишен пес.