Една од причините поради кои многу често не го гледаме, да го наречеме, тоа „зло“, злобно срце или психопатско однесување, веројатно е тоа дека ни е тешко да поверуваме дека постојат такви луѓе.
Не ни помислуваме дека некој нѐ лаже, заведува, повредува без грижа на совест, шири лаги и измислици само за да уништи нечиј углед или се претставува за нешто што не е, само со цел да наштети некому. Сепак, знаеме дека такви личности постојат.
Следните пет знаци ќе ви покажуваат дали имате работа со луѓе со злобно срце и доколку ги препознаете, најдобро е да се тргнете од нив.
1.Тие се експерти за создавање забуни и кавги; ги извртуваат фактите, заведуваат, лажат, избегнуваат да преземат одговорност, ја негираат вистината, измислуваат приказни, задржуваат информации за себе.
2.Тие се експерти во заведување на другите со својата слаткоречивост. Но, ако погледнете што создале или ако се поведете по нивните зборови, ќе видите дека тие ништо не менуваат и не се влог во раст и развој. Нивниот живот е илузија, а духовна храна им е туѓата несреќа.
3.Тие сакаат да ги контролираат другите, а сами на себе се најголемиот авторитет. Ги одбиваат повратните информации и конструктивните критики, сами ги креираат правилата по кои живеат, прескокнувајќи ги моралните норми.
4.Често играат на симпатиите на добродушните и наивни луѓе за да може да ги заведат. Тоа многу често го прават со барање сочувство, но самите никогаш не го даваат. Бараат топлина, проштевање и интимност од луѓето на кои им згрешиле без никаква емпатија за болката која ја предизвикале.
5.Луѓето со злобно срце немаат совет и не знаат што е каење. Дури немаат ниту намера да се борат со својата злоба, всушност уживаат во неа, а се под маска на одреден благороден карактер.