Пилешка чорба и американски палачинки

3 февруари, 20160
19

За денешниот ручек ви предлагаме вкусна чорба со пилешко месо и кисело млеко, а за десерт слатки палачинки.

Потребно:
1 кг. ситни делови од пиле (килца,вратчиња)
1 главица кромид
2 средни моркови
1 лажица брашно
1 лажиче црвен пипер
1-2 лажички вегета
1 кисело млеко
црн пипер
1 лист ловор
Магдонос

Подготовка:
Деловите од пилето претходно ги вариме во малку посолена вода.
Кромидот и морковот се пропржуваат на масло, се додава брашното, малку се пропржува и на крај се додава црвена пипер. Кон ова се додава претходно сварените пилешки делови заедно со водата, се додаваат зачините по вкус и се остава да поврие неколку минути(5-10). Се трга од оган, се мати едно јајце и во него се додава киселото млеко, го разбиваме заедно со јајцето и го додаваме во сварената чорба. Промешуваме и на крај се додава свеж сецкан магдонос.

За десерт подгответе палачинки.

Потребно:
2 банани
3 јајца
5-6 лажици брашно

Подготовка:
Јајцата се мамат со миксер. Бананата се пасира и се додава во јајцата. На крај се додава брашно и се мати со миксер. Се пржат и се филуваат по желба, а ние препорачуваме крем и шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *