Пинк објави топлес фотографија од трудничкото стомаче

popara19 декември, 20161min00
9

37-годишната Пинк, заедно со својот сопруг Кери Харт го очекуваат своето второ дете, а дефинитивно може да се забележи дека поп-ѕвездата навистина ужива во својата бременост.

Минатиот месец, Пинк на својот Инстаграм профил објави фотографија со којашто сите ги изненади со своето трудничко стомаче. На фотографијата таа е со својата 5-годишна ќерка Вилоу, а под фотографијата таа напиша „Изненадување!“.

Откако ја објави својата бременост, Пинк своите слатки и интересни моменти во текот на бременоста ги споделува со своите фанови. Таа вчера објави прекрасна фотографија, на којашто нејзината ќерка го гали и прегрнува нејзиното голо, трудничко стомаче, а таа среќна и насмеана ги покрива своите гради.