ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 чаши (од 2 дцл) брашно (понекогаш и малку повеќе, зависи од типот на брашното)
2 лажици шеќер
1/5 лажиче сол
2 лажици сончогледово масло
500мл млеко (може да се загрее, а и не мора. Резултатот е ист)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Прв чекор
Сите состојки измешајте ги до хомогена смеса.
Добиената смеса ставете ја во најлонска кеса и оставете ја во фрижидер 2 часа. Тоа е тоа!
Втор чекор
По два часа извадете го тестото од фрижидер, валкајте го во брашно и правете пирошки со фил по желба.
Пирошките можете да ги пржите на оган во врело масло, а можете и да ги печете во рерна во добро подмачкана тава.