Клое Кардашијан, како Кајли Џенер пред неа, реши да ни покаже како изгледа еден од нејзините гардеробери – оној каде ја чува опремата за тренирање.
„Поголемиот дел од луѓето можеби немаат фитнес гардеробер, но знаете што? Немам сопруг, па можам да си дозволам уште еден гардеробер“ – објаснува таа.
Она што можете да го забележите е дека навистина сака да ги организира своите работи по строг редослед.
Како што објаснува, сите работи кои ќе ги најдете во нејзиниот гардеробер, било да се маици, хеланки или патики, се подредени по должина и боја.
Секогаш одам од бела боја кон црна – објаснува таа.