Погледнете го ова фантастично издание на прекрасната Џенифер Лопез со кое се појави на полуфиналето на American Idol XV.
Таа на забавата по емисијата се појави во тесен црвен комбинезон кој го истакна нејзиното совршено тело. Комбинезонот е украсен со шљокоци и е со впечатливо длабоко деколте, а Џенифер го заокружи со мала плико чанта, елегантни црвени високи потпетици, впечатлив кармин и пар прстени и нараквици.