Ана Беатрис Барос се омажи на популарниот грчки остров Миконос за бизнисменот Кари Ел Чиати, а нејзиниот невестински фустан веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Бразилската убавица на раскошната венчавка блескаше во фантастична креација од познатата модна куќа Валентино направена од тантела која на прв поглед изгледа проѕирно. Но покрај слоевите тантела и проѕирниот материјал кој се виори на ветерот тајната во оваа креација е во тоа што под фустанот има постава во боја на кожа.
Романтичниот фустан е во духот и на еден од водечките трендови за оваа сезона – ги открива голите раменици, а ангелот на Викторија изгледа прекрасно во него.
Деверушите како што беше и очекувано се познатите манекенки, а меѓу најпознатите беше нејзината најдобра пријателка Алесандра Амбросио. Покрај многуте фотографии на Инстаграм се појави и преубава фотографија од ќерката на Амбросио, малата Ања, која имаше улога на малечка деверуша.
Младенците се потрудија сите 400 гости да се чувствуваат убаво, па изнајмија 15 до 20 вили во кои беа сместени за време на прославата.