Ќерката на Цеца Ражњатовиќ, Анастасија ќе го прослави својот 18. роденден на 25. мајк во хотелот „Хајат“, а во тек се и подготовките за гламурозната прослава која овие денови стана главна тема на друштвените мрежи. Наследничката на Цеца, после нејзината мајка, одлучила да проговори за исмејувањата на социјалните мрежи за прославата на нејзиниот роденден.
– Умеам да прифатам шала на своја сметка, се додека постојат некои граници. Сметам дека не е во ред да има вулгарни коментари, осуди и спомнување на мојот покоен татко во негативен контекст. Тоа не е човечко, бидејќи мојот татко не е жив и небитно дали сум јас во прашање или друга личност, сепак лошо е. Но добро, секој има право да прави што сака, јас тука не можам ништо. Ако тоа ги задоволува и исполнува на било кој начин, само напред, рекла Анастасија.
Пред Анастасија се огласи Цеца, таа изјави дека нејзините деца се виновни што таа им е мајка, доколку тоа не било така никој не би знаел дека тие постојат.