
Анастасија Квитко е манекенка од Русија од која модните агенции бараа да ослаби, но таа не сакаше да ги послуша и да го направи тоа.

Потоа нејзината одлука се покажа како правилна …
Бујната манекенка веќе ја викаат руска Ким Кардашијан поради сличните пропорции кои ги дели со славната старлета, пишува магазинот Мирор. Кога како 21 годишна девојка се доселила во Мајами, модната агенција која ја воочила побарала од неа да ослабне неколку килограми и да ги намали своите облини. Но, таа не се согласила со тоа, на среќа на повеќе од 2 и пол милиони следбеници на Инстаграм.

„Тоа е поради моите женствени облини. Не знам зошто баш јас. Ким Кардашијан е толку популарна што самите одлучија да ме споредуваат со неа“ ја објаснува Анастасија својата популарност меѓу мажите.

Секако дека таквата популарност не и пречи воопшто. Таа е модел од својата 17 годишна возраст и во последно време добива се повеќе понуди за снимање на реклами во земјата на бизоните. „Се сметам себеси за совршена и не сакам ништо да променам“ заклучи манекенката, а со оваа констатација се согласуваме и ние.




