Погледнете како изгледа девојката на Бали-бег во невестински фустан

popara25 април, 20161min00
17

Прекрасната Фахрије Евџан, девојката на турскиот актер Бурак Озчивит е вистинска убавица, а овие фотографии само го потврдуваат тоа.

Турските медиуми деновиве објавија фотографии во кои девојката на Бурак Озчивит, кој се прослави со улогата на Бали бег во Сулејман Величенствениот, е во невестински фустан. Станува збор за неговата колешка Фахрије Евџан со која е во врска веќе подолго време, па медиумите веднаш прокоментираа дека ова мириса на свадба.

Но за жал на крајот се испостави дека фотографиите се направени за еден клиент и на нив се гледа како прекрасната актерка само глуми девојка која ги поминува најубавите моменти од нејзиниот живот.

Станува збор за фотографии во три разчилни стилови, а најмногу внимание привлече фотографијата на која Фахрије е во невестински фустан. „Во ова јасно се гледаат женските емоции, па снимањето ми беше вистинско задоволство“, објаснува актерката која на фотографиите изгледа романтично, боемски и гламурозно.