Откако на својот мистериозен дечко, му испратила слика од запаленото “порше“, тој веднаш го нарачал новиот “звер“ за неа.
- Се радувам на новиот автомобил, но тоа се само материјални работи. Поважно ми е тоа што никој не е повреден, и дека на никој друг освен мене не е нанесена материјална штета – изјавила Тамара и додала дека не знае кој и ја запалил колата.
- Знам дека никој нема причина да го запали мојот автомобил бидејќи сум примерен граѓанин, и со никого не сум се замарила. Дури мислам дека во “поршето’ се запалила инсталацијата, бидејќи беше веќе стар. Не знам, бев во полиција утрово, ме викнаа по службена должност. Жал ми е што не можев многу да помогнам, но ги оставам да си ја работат својата работа – закључува Ѓуричиќ.