Популарна тактика за слабеење: Пијте половина литар вода пред секој оброк

popara27 јануари, 20161min00
8

Пиењето на вода пред оброк е популарна тактика за слабеење, а ново истражување потврди и дека е особено ефективна.

Британски истражувачи констатирале дека консумирањето на половина литар вода околу половина час пред секој оброк им помогнало на лица со прекумерна тежина да изгубат околу 4,3 килограми во период од 12 седмици.

За истражувањето на Универзитетот во Бирмингем биле набљудувани 84 возрасни лица кои имале проблем со дебелина. Секој од учесниците добил препораки за исхрана и физичка активност. На половина од нив им било кажано да пијат вода 30 минути пред секој оброк, додека на останатите им било речено да си замислуваат дека стомакот им е полн пред да јадат.

На крајот од истражувањето станало јасно дека лицата кои пиеле обична вода пред јадење ослабеле со 1,3 килограми повеќе одошто оние кои си замислувале дека се најадени. Лицата кои пиеле вода пред секој оброк ослабеле во просек 4,3 килограми.

„Убавината на овие заклучоци лежи во едноставноста. Пиењето половина литар вода трипати дневно пред секој оброк може да ви ја намали тежината. Тоа не е нешто што е тешко да се интегрира во нашето зафатено секојдневие“ – изјавила д-р Хелен Парети од Универзитетот во Бирмингем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma