Поради што милиони Јапонци не излегуваат од дома?

popara13 јули, 20161min00
11

Повеќе од два милиона жители на Јапонија патат од необично нарушување, од кое со месеци, па дури и години не можат да ги напуштат своите домови.

Такахиро Като, професор по невропсихијатрија, почнал со работа на голема студија која би требало да го објасни несекојдневното нарушување од кое заболуваат се поголем број Јапонци.

Станува збор за специфично нарушување познато под називот хикикомори, кое е забележано кај луѓе ширум светот, но особено е присутно кај младите луѓе во Јапонија.

Овој, прилично специфичен облик на фобија, најчесто ги напаѓа Јапонците, нешто поретко Јапонките, а зачестени појави на хикикомори во оваа земја се забележани во почетокот на 90-те години од дваесеттиот век.

Според важечките статистики хикикомори е едно од најчестите заболувања во Јапонија, но се уште не е познато како настанува, пишува „WSJ“.

Иако долго време го игнорирало ова нарушување, јапонското Министерство за здравје, труд и социјални работи во 2003 година усвоило официјална дефиниција за него: „Избегнување на учество во општеството, вклучувајќи и избегнување на училиштето, задолжителното образование, учество на пазарот на труд како работна сила на редовни и хонорарни работи и избегнување на дружење со други лица надвор од домот; или генерално гледано, непрекинат престој во својот дом во траење од шест месеци или повеќе, со постојана грижа на семејството за нив“.

Лекувањето на хикикомори е тешко, бидејќи пациентите не го сфаќаат нарушувањето како сериозен проблем. Постоењето на центри за лекување од ова нарушување е задолжително во сите поголеми болници, но мал број Јапонци навистина ги посетуваат. Дури и оние кои одлучуваат да побараат помош, главно добиваат совети и третмани за кои се уште не се знае колку навистина се делотворни.