Порно индустријата останува без голема ѕвезда

popara17 август, 20161min00
13

Миа Калифа, една од најголемите порно ѕвезди на денешнината, изјавила дека се повлекува од филмската индустрија, бидејќи и здодеало да снима филмови за возрасни.

Кариерата оваа Либанка ја започнала на 23-годишна возраст, кога од Либан се преселила во САД. За кусо време таа стекнала голема слава како порно актерка, но во земјата каде е родена она што таа го работи наиде на голема осуда.

Миа решила во иднина да му се посвети на спортот и да го искористи својот статус како би ги промовирала своите омилени спортски клубови.

„Влегувањето во порно индустријата се случи во мојата бунтовничка фаза од животот. Порно филмовите повеќе не се за мене. Сакам да го подобрам својот имиџ и да ставам крај на таа кариера“, изјавила Калифа за Вашингтон пост.