Фотографиите се дело на Џорџ Барис и се направени на плажа во Санта Моника на 13 Јули 1962. Само по 3 недели холивудската ѕвезда Мерилин Монро, на 36 години беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Оваа серија на фотографии е наречена ,, Последните слики”.
На 4 Јуни 2015 година 8 принтови од оваа фотосесија биле продадени на Блумсбери аукцијата во Лондон. Првично овие слики требало да се најдат во книгата напишана од Барис ,,Мерилин: Нејзиниот живот со нејзините сопствени зборови”, но поради трагичниот крај на младата ѕвезда фотографот одлучил да не ги објавува сликите.