
Џекпотот на американската лотарија Powerball вреден повеќе од 400 милиони долари извлечен е во Њу Џерси, соопштија денеска претставници на лотаријата.
Добитното ливче, вредно 429,6 милиони долари, купено е во округот Мерсер во Њу Џерси.
Победничката комбинација била 5-25-26-44-66, а „Powerball“ бројот бил 90.
– Освојувањето на џекпот е настан кој може да ви го промени животот. Му честитаме на среќниот добитник. Нестрпливо чекаме да се јави, рекла директорката на лотаријата Карол Хедингер.