
Повторно сексапилна комбинација на Ким, но …

Ким Кардашијан како да ги потроши сите џокери кога се во прашање провокативните комбинации, па во последно време почна да позајмува стилски трикови од нејзините полусестри Кендал и Кајли кои се многу помлади од неа. И токму затоа, она што може да изгледа апсолутно модерно на нив, не значи дека и стои добро и на познатата риалити ѕвезда, а оваа комбинација е совршен пример за тоа. Провокативни високи чизми на врзување во комбинација со бомбер јакна и тесна полупроѕирна блуза со секси деколте – парчиња кои сигурно многу подобро би им стоеле на Кендал и Кајли.