Со толкавиот акцент на медиумите на совршено тело, жените стануваат премногу аналитични, но треба јасно да се нагласи што е нормално и здраво.
Постојат разни знаци кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред „таму долу“.
Голем број на жени се грижат околу изгледот на вагината, што е нормално, а што не е. Поради срам или страв, се занемарува интимното здравје или пак, неразумно се оптоварува, а некои жени ќе одат толку далеку што вагината ќе ја стават „под нож“ за да ја „средат“. Но, дали операциите на вагината е навистина потребни?
Водечкиот британски гинеколог доктор Ахмед Исмаил, објаснува дека вагините постојат во различни форми и бои и дека, освен ако не се појави болка или непријатно чувство, секоја е совршена, пишува Daily Mail.
Со толкавиот акцент на медиумите на совршено тело, жените стануваат премногу аналитични, но треба јасно да се нагласи што е нормално и здраво. Поради тоа, доктор Исмаил ги открива најчестите прашања и теми на своите пациентки.
1. Не постои вагина со совршен изглед
Големите усни во просек се долги околу 8.1 цм – што одговара на големината на просечниот лак за нокти. Сепак, опсегот на големината е значително поголем од тоа – во студијата изнесува од 4.5 до 11.5 цм. Малите усни го опкружуваат отворот на вагината, а интересно е дека левата мала усна во просек е малку поширока – околу 2.1 цм, а десната околу 1.9 цм.
Како и кај големината на големите усни, ниту големината на малите усни нема врска со вагиналниот овор. Клиторисот има единствена улога на сексуално задоволство. Просекот на широчината на клиторисот изнесува околу 0.8 цм, просечната должина е 1.6 цм, со опсег од 0.4 до 4.0 цм. Големината на самиот клиторис нема влијание на интензитетот на женското задоволство.
2. Ако нема болка, нема потреба за лабиопластика
Сите вагини се прошируваат за време на сексот, а бројот на односи не влијае на големината. Според студијата спроведена на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал во просек е долг 9.6 цм, а широк од 2.5 до 3.5 цм. Жените со широчина од околу 2 сантиметри, најчесто чувствуваат болка при сексот и реално се единствени кандидати за оваа операција, додека другите естетски желби се само прашање на преовладувачките трендови кои доаѓаат со порнографската индустрија.
3. Вагината се менува со годините
Повеќето големи усни немаат врска со големината на вагината, а интересно е тоа што усните се намалуваат како што жената старее. Во 20-тите години надворешните усни се намалуваат наспроти изгледот во пубертет, а во 30-тите најчесто се појавуваат потемни делови на кожата на вагината кои се поврзани со хормоналните промени.
4. Не ја споредувајте вашата вагина со други
Постојат разлики во изгледот на вагината со оглед на расата и генетиката, па на пример Кинеските имаат значително помалку изразени надворешни усни и клиторис отколку Русинките итн. Споредувањето нема смисла, а убавината на вагината е како и убавината на се` останато – во окото на набљудувачот.
5. Ако е чиста и здрава – таа е совршена
Вагината сама се чисти, а токму тоа е улогата на вагиналниот исцедок кој е сосема нормална и вообичаена појава. Провиден или бел исцедок е последица на промената на нивото на хормоните и самото чистење на ѕидовите на вагината, а тој ги плакне прочистува бактериите, старите клетки и разните патогени и го спречува нивното влегување во матката. Поради тоа, не постои потреба за користење на парфемирани шампони кои можат да ја нарушат природната pH вредност.