Познат најлесниот начин за откажување од пушење!

popara16 март, 20161min00
1

Најновите истражувања за зависниците од цигари покажале дека шансите за откажување од пушење се поголеми кога одлуката ја носат „одеднаш“ отколку кога постепено се одвикнуваат.

Погрешно е она што го мислат повеќето луѓе, а тоа е дека најдобро ќе ги оставите цигарите ако полека и постепено ги намалувате дозите се` додека во целост не прекинете, рекла авторката на студијата Никол Линдсон.

Науката има, според неа, докази кои покажуваат дека подобро е доколку цигарите ги оставите „одеднаш“.

Откривме дека повеќе луѓе успеале да се одвикнат од тутун кога одлучиле да ги остават цигарите засекогаш, вели Линдсон.