Сите ние познаваме некоја жена која секогаш е средена и секогаш изгледа дотерано, без оглед на околностите, нејзиното расположение или годишното време.
Доколку ги следите советите и сугестиите во продолжението на овој текст, можеби и вие од утре ќе станете предмет на воодушевување за другите.
1. Спијте на свилена перница, бидејќи свилата ја намалува можноста за кршење на косата и појавата на мозолчиња.
2. Секогаш овозможете си себеси 8 часа сон.
3. Денот започнете го со смуди преполно со антиоксиданси, за вашата кожа да изгледа посјајно.
4. Нека вашето утринско туширање вклучува пилинг на кожата, бричење и миење на косата.
5. Телото намачкајте го со крема со освежувачки мирис, како што е лавандата или лимонот.
6. Штитете се од сонцето со заштитен фактор 50.
7. Редовно чистете ги забите со конец за заби.
8. Користете паста за заби со ефект за избелување.
9. Кубете ги веѓите на дневна светлина.
10. Пополнете ги неправилностите на веѓите со специјална сенка или молив за веѓи.
11. Не штедите пари за депилација или епилација.
12. Користете прајмер за лице, за тоа во текот на денот да не „блеска“.
13. Пред нанесувањето на шминката задолжително нанесете хидратантна крема.
14. За пределот околу очите користете дневна и ноќна крема.
15. Пред нанесувањето на маскарата, секогаш извиткајте ги трепките.
16. Во текот на денот немојте да нанесувате тешка шминка, но секогаш имајте при рака кармин во некоја впечатлива боја, како што е црвената или розовата.
17. Секогаш оцртувајте ги усните со молив, за да го избегнете размачкувањето на карминот.
18. Во текот на денот испијте барем 8 чаши вода – најдобро со лимон или краставица.
19. Доколку немате време за да отидете на фризер, станете 10 минути порано и сами навиткајте си ја косата.
20. Колку и да сте уморни пред спиење, избришете ја шминката и измијте го лицето.
21. Користете шампон за суво миење на косата само кога е навистина неопходно.
22. Негувајте ги ноктите и секогаш со себе носете турпија, за да ги поправите недостатоците.
23. Во вашата чанта секогаш имајте огледало, кармин, освежувачки тоник за лице и ливчиња за матирање на лицето.