Натали Портман ги обожава креациите од „Valetnino“.
Таа деновиве се прошета низ Њујорк во затворен горен дел и кратко здолниште со рамен крој и во боја на светла пудра. Комплетот е зачинет со преубав цветен вез и во него актерката потсетува на познатата елеганција на Џеки Кенеди Оназиз. Натали целата комбинација ја заокружи со црвен кармин, стејтемнт очила за сонце од „Dior“, голема црна чанта која ја носеше префрлена преку рамениците и салонки во црна боја со високи и тенки потпетици.
Секако дека ваквото префинето издание на прекрасната актерка не нé изненадува бидејќи наскоро на филмскиот фестивал во Венеција ја чека премиерата на нејзиниот најнов филм „Jackie“. Филмот претставува екранизираната биографија на поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави во кој главната улога ја игра токму таа.