
Видеоснимка објавена на Јутјуб прикажува торнадо кое се наоѓа преблиску до брачен пар во автомобил.
Снимката на Јутјуб ја поставил Тевис Хатфилд кој во еден момент со својата сопруга Холи бил во автомобил.
– Ние сме добро, но сме потресени, напишал Хатфилд на својот Фејсбук профил. Тој додал дека со сопругата во тој момент се наоѓал на свадба во градчето Бакер во Монтана.
Торнадото кое го погодичло ова градче во саботата во целост уништило две и оштетило уште 30 куќи, но за среќа нема пријавени смртни случаи.