Целулит, или насобрани масни наслаги на телото имаат 80% од жените. Неправилната исхрана, недостатокот на телесни вежби, генетските предиспозиции како и хормонските флуктуации играат важна улога во настанокот на целулитот.
Некои сметаат дека целулитот настанува исклучиво со генетски предиспозиции, а други веруваат дека целулитот е последица на исхрана со високо ниво на маснотии, недоволно физички активности, собирање на токсини во организмот, па дури и последица на с `e досега наведеното.Tоксичен е и се манифестира во облик “портокалова кора ”.
За почеток, доколку сакате да се ослободите од овој проблем, секако дека морате да одвоите време, а сè останато го имате на дофат на раката. За почеток променете го начинот на исхрана, посветете се на вежбање и масажи, а во ова можат да ви помогнат кремовите и геловите со екстракти од кафе, бршлен, гуарана или некои други активни состојки, кои поттикнуваат загревање на кожата и микроциркулација. Mорате континуирано да се борите.Тоа значи дека морате да го детоксицирате телото и да го промените својот начин на живот,за да го спречите неговото повторно појавување.
1. ВЕЖБАЈТЕ!!!
Дневно издвојте барем 30 минути за физички активности, за да го поттикнете метаболизмот и да го подобрите лачењето на токсини. Честото седење ја смалува количината на мускулна маса, претворајќи ја во масно ткиво. За да го спречите ова, започнете со лесни спортски активности кои ги затегнуваат мускулите. Вежбањето е најефикасниот начин да ја „испеглате” несаканата рапава површина. Било каков облик на редовно вежбање на подолг временски период ќе ви помогне да ги решите овие проблеми. Пливањето се смета за идеален облик за превенција во настанување на целулитот. Доколку сакате брзи резултати, практикувајте секој ден брзо одење кое исто така е одлична вежба за елиминирање на целулитот.
2. ПРАВЕТЕ СИ ДОМАШНА ХИДРОТЕРАПИЈА
Наполнете ја кадата со топла вода и додадете антицелулитно ароматераписко масло. Во водата немојте да останете повеќе од 5 минути. Телото измасирајте го со голем млаз топла вода, почнувајќи од стопалата па нагоре. Истото повторете го и со ладна вода.
3. ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ!!!
За успешно да се изборите против целулитот, од менито исфрлете ја солената и масна храна. Избегнувајте црвено месо, масни риби, полномасни млечни производи и рафинирани намирници од житарици, односно внесувајте поголема количина на свежо овошје и зеленчук. Внимавајте на внесувањето на соодветна количина на течности. Најдобро е да пиете обична вода, а кафето потрудете се да го замените со билни чаеви. Против целулит посебно е добро да пиете чај од коприва кој ги поттикнува циркулацијата и детоксикацијата во организмот.
Билките кои ја стимулираат периферната циркулација, како што се рузмаринот, лутите пиперки, маслото или копривата можат да бидат одлична помош во борбата против целулитот. Состојките кои природно предизвикуваат создавање на колаген како витамин Ц и гама линолеинска киселина, ќе ви помогнат во обновување на кожата зафатена со целулит.
4. ИСЧИСТЕТЕ ГО ОРГАНИЗМОТ ОД ТОКСИНИ
Задржувањето на течности во меѓуклеточните простори е главен причинител за појавувањето на целулитот, но сите лоши материи кои ги внесувате во оганизмот можете и да ги исфрлите. Вдишувањето на чист воздух помага за исфрлање на токсичните материи кои се задржуваат во белите дробови, а најсигурен начин за ослободување од токсините во телото е исфрлање на истите преку урината. Затоа е важно да пиете многу вода и чаеви. Но, во вашиот живот мора да почнете да ги практикувате и следниве совети:
*Што почесто да шетате на чист воздух и да дишите длабоко.
*Потете се, без разлика дали тоа е последица од домашни, спортски или други активности.
*Пијте колку што може повеќе чаеви од брусница, магдонос, пченкарна свила и зелен чај.
*Сокот од свеж ананас се смета за добар согорувач на мастите.
*Во вашата исхрана мора што почесто на менито да се појавуваат: сливите, пченицата, макробиотската храна и житарките.
5. МАСИРАЈТЕ СЕ
Масажата е најбитната ставка во борбата против целулитот. Најдобро е да правите масажа кога мускулите ви се опуштени, а во тоа ќе ви помогне краток топол туш. Долгите и меки движења ја стимулираат циркулацијата на крвта и лимфите. Деловите од телото кои ви се зафатени со целулит, штипкајте ги и нежно стискајте ги, а масажата завршете ја со меки движења. Со оглед на тоа дека целулитот се наоѓа 3-5 сантиметри под кожата, нема потреба од груби покрети.
За масажа користете антицелулитни препарати, за да ги добиете посакуваните резултати.
6. УПОТРЕБУВАЈТЕ КОФЕИН
Кофеинот поволно влијае на разбивање на целулитот, активирајќи ги масните ткива во организмот. Нанесете талог кафе на проблематичните делови на кожата и оставете го да се исуши. За талогот да не ви се исуши пребрзо и да падне од кожата, замотајте се со пластична фолија и оставете да одстои десетина минути. За најдобри резултати постапката повторувајте ја најмалку два пати неделно.
7. ОПУШТЕТЕ СЕ