Првата светска старлета: Правев работи од кои денес се срамам

popara14 април, 20162min00
78

Тара Палмер Томкинсон (44) била меѓу првите девојки кои станале познати само поради својата убавина и сексипилност. 

Tara Palmer-Tomkinson

tara.palmer1

Била редовен гостин на лудите забави на кои одела провокативно облечена а нејзиното име станало бренд. И понудувале голема сума на пари само за да се појавува во клубовите или да биде дел од реални шоуа. Била зависничка од дрога, неколку пати била на рехабилитација па повторно се враќала на пороците, а се зборува и дека морала да го реконструира носот откако го уништила со кокаин.

tara.palmer1

Tara Palmer-Tomkinson

Tara Palmer-Tomkinson

Денес живее повлечен живот, далеку од јавноста. Не е мажена и нема дечко. Признава дека не се сеќава кога последен пат била на состанок, како и дека е свесна дека нема да ѝ се исполни желбата да стане мајка.

Тврди дека луѓето имаат погрешно мислење за неа.

Tara Palmer-Tomkinson

– Имав привилегиран живот, но тоа се “стари пари”. Нашата куќа опстанува благодарение на лепакот. Доколку се скрши чинија, мојот татко повторно го лепи – тврди таа.

Сеќавајќи се на деновите на својата популарност Тара признава дека не можела да се носи со славата, и дека не се свртела кон наркотиците поради хедонизам и себичност, туку поради страв.

tara.palmer1

– Луѓето ми велеа дека сум брилијантна, и дека нема да го добивам сето тоа доколку не сум. Проблемот беше во тоа што не се чувствував така. Затоа почнав да ги земам тие отрови – вели Тара и додава.

– Правев работи од кои денес се срамам. Моето семејство поради мене беше во тешка состојба.