
Иако романсата меѓу руската манекенка Ирина Шаек и холивудскиот актер Бредли Купер трае цела година, двојката неодамна за првпат се појави заедно на црвениот тепих.
Оттогаш, изгледа дека манекенката, од момчето доби дозвола за објавување заеднички фотографии, но само делумно.
Меѓутоа, фановите веднаш го препознаа деколтето на Ирина и брадата на Купер на оваа фотографија.
Инаку, двојката за првпат заедно се појави минатиот месец на прослава на козметичкиот бренд Лореал, а не е тајна дека Бредли е оној што инсистира романсата да остане во тајност.
