Психолошки трикови со кои луѓето веднаш ќе ве засакаат

popara28 април, 20161min00
13

Повеќето пријателства напредуваат природно и најчесто не забележуваме како започнале. Меѓутоа, понекогаш мора да се потрудите повеќе за да станете пријател со некого. „Стандард“ нуди неколку психолошки трикови со кои ќе ова ќе стане многу полесно за секого.

Копирајте ги

Ова е стратегија наречена „одраз“ и е прилично едноставна. Во неа, треба да го копирате движењето на другата личност. Додека зборувате, обидете се да суптилно да го повторувате говорот на телото, гестовите и изразите на личноста.

Поминувајте повеќе време со нив

Според ефектот на изложеност, луѓето почесто преферираат работи кои им се познати. Според тоа, едноставното поминување повеќе време со личноста може да направи да им се допаднете повеќе.

Делете им комплименти

Луѓето сакаат да примаат комплименти. Освен тоа, луѓето сакаат кога имате убаво мислење за останатите. Истражување покажало дека доколку кажувате убави зборови за другите, луѓето ќе мислат дека вие ги имате истите квалитети.

Бидете добро распложени

Понекогаш, луѓето влијаат на расположението на оние околу нив. Истражување покажало дека луѓето може несвесно да ги чувствуваат чувствата на оние околу нив.

Дружете се со нивните пријатели

Двајца имаат повеќе шанси да станат другари доколку имаат заеднички пријател. Студенти од Универзитетот во Британска Колумбија го илустрирале овој ефект преку „Фејсбук“ и откриле дека луѓето веројатно ќе прифатат понуда за пријателство доколку тие имаат многу заеднички пријатели со нив.

Не ги фалете постојано

Според една теорија, позитивните коментари имаат поголемо внимание доколку се даваат само повремено. Иако звучи погрешно, поретко фалете ги пријателите.

Бидете пријатни, но и вешти

Постои теорија според која се тврди дека луѓето ги проценуваат останатите врз основа на нивната пријатност и способност. Според неа, доколку се поставите како пријатна личност, луѓето ќе мислат дека може да ви веруваат. Доколку се поставите вешти, тие повеќе ќе ве почитуваат.

Откријте ги недостатоците одвреме-навреме

Експертите велат дека луѓето ќе ве сакаат повеќе откако ќе згрешите, но само доколку сметаат дека сте способна личност. Откривањето дека не сте совршени прави тие да сочувствуваат со вас.

Поттикнете ги вредностите кои ви се заеднички 

Луѓето ги привлекуваат оние кои се слични со нив. Доколку сакате да бидете поблиски со некого, обидете се да ги посочите сличностите меѓу вас.

Случајно допрете ги

Станува збор за допир кој тој не би го забележале, како тапкање по грбот или допирање на раката. Ова ќе направи тие да се чувствуваат поблиски до вас.

Насмевнете се

Во едно истражување било покажано дека на луѓето најмногу им се допаѓаат луѓе кои се смеат почесто. Друго истражување покажува дека насмевката за време на првата средба, односно запознавањето, помага луѓето да ве запомнат потоа.

Гледајте ја личноста како што таа сака да биде видена

Луѓето сакаат да бидат видени како најдоброто што се обидуваат да станат. Доколку им покажете дека ги гледате на тој начин, тие ќе се чувствуваат разбрани, а со тоа и поблиски.

Кажете им тајна

Ова е една од најдобрите техники за зацврстување на пријателство. Кога дознавате приватна тајна за некого, тоа значи дека тие се чувствуваат блиски со вас и сакаат да ве имаат до нив и во иднина.

Очекувајте добри нешта од другите

Едно истражување покажало дека со луѓето се однесуваме на начин кој го очекуваме од нив. Така, доколку очекувате некој да се однесува пријателски со вас, тие веројатно ќе се однесуваат така со вас.

Однесувајте се како да ви се допаѓаат

Едноставно, кога мислиме дека некому се допаѓаме, најчесто започнува да ни се допаѓа таа личност.

Покажете ја смислата за хумор

Истражување открило дека без разлика на идеалите кои ги бараат луѓето, сите сметаат дека смислата за хумор кај одредена личност е важна.

Пуштете ги да зборуваат за себе

Истражување покажало дека деловите од мозокот кои се поврзуваат со мотивацијата и наградата биле најактивни кога луѓето споделувале информации на други луѓе и кога зборувале за себе, дури и додека никој не слушал. Пуштањето некој да раскаже приказна за себе наместо постојано зборење за вас може да остават повеќе позитивни спомени од средбата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag