Владимир Путин го организираше традиционалниот прием во Кремљ за 114 спортисти пред поаѓањето на Олимписките игри во Рио. Меѓутоа, меѓу нив се најдоа и суспендираните натпреварувачи, меѓу кои беше и Елена Исинбаева. Таа нема да се натпреварува во Рио де Жанеиро бидејќи е суспендирана, а таа одлука ја потресе, како и рускиот претседател! Солзите не изостанаа.
– Не отстранија без докази, нагло и грубо. Не ни дадоа шанса да се браниме и да докажеме дека не сме виновни, рече двојната олимписка шампионка во скок со стап, која се расплака пред Путин.
На основа на фотографиите од настанот можеме да заклучиме дека и Путин бил на раб на солзи.
Претседателот на неутешната Елена и пружи прегратка и утеха, а во налет на емоции, за малку ќе се расплачеше.
Инаку, Елена Исинбаева поради забраната на ИОК не смее да настапи во Бразил, каде планираше да ја заврши кариерата.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=zl-sVHRtOgU