Ова се 7 мошне значајни работи кои ги учиме со текот на времето, а кои ја намалуваат нашата тага и нерасположение кога тие ќе ги обземат нашите денови.
- 99 % од времето ќе се чувствувате подобро ако излезете надвор. Не ги отфрлајте поканите и обидите на блиските да ве извадат надвор од домот или вашата соба. Сретнете нови луѓе и зборувајте за нештата кои ви значат.
- Фотографирајте ги вашите пријатели. Нивните насмевки, раце, лица, стопала. Фотографирајте ги и чувајте ги тие слики, а потоа заедно сеќавајте се на моментите. Не го правете тоа за Фејсбук или Инстаграм, правете го за себе и за нив, за вашите спомени.
- Пијте чај секодневно. Пијте чаеви кои ги сакате, а кои ќе ве опуштат и смират по сите тешки и стресни денови.
- Ако сакате некоја личност, кажете и го тоа. И, покажете и го тоа. Не се плашете од тоа да се отворите и не се плашете од нејзината реакција. Подобро е да се биде отворен и искрен, наместо да се чуваат чувствата во себе.
- Кога сте тажни, зборувајте со луѓето. Изберете ги оние кои можат да ви пренесат мудрост, кои можат да ве насмеат, оние кои минале низ тешки моменти и оние кои можат да ве инспирираат.
- Читајте. Не ги читајте книгите кои сите ги читаат, туку оние нешта кои вам ве интересираат. Бидете мудри и заинтересирани за нештата.
- Живејте во моментот. Не размислувајте премногу за големата слика. Не мислете на иднината, туку уживајте во сите мали нешта кои ги нуди секој нов ден.