Нигеријката Аиша Данупава стигнала на суд со документи за развод само седум дена откако се омажила. Кога ја запрашале зошто се разведува толку брзо, мајката на три деца ги шокирала сите во судот.
– Мојот сопруг има преголем пенис. Тоа е единствената причина, рекла таа.
Судијата останал зачуден, а Аиша мртва ладна ја раскажала својата приказна.
– Првиот брак ми пропадна кога го запознав Али, помислив дека повторно ми тргна во животот. Меѓутоа, идилата траеше многу кратко, до нашата прва брачна ноќ…
– Тоа беше ноќен кошмар. Наместо да уживам во сексот, доживеав траума. Пенисот му беше преголем, не можев тоа да го поднесам…
Од друга страна, срамежливиот, но и горд Али и сам признал дека пенисот му е поголем од просекот. Исто така, се согласил на развод.