Прекрасниот топ модел Наоми Кемпбел доби преубава љубовна посвета на Инстаграм профилот на една од најпознатите музички ѕвезди на денешницата.
Ријана на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм постојано објавува фотографии од нејзините концерти, од модните соработки и од нејзините модни комбинации, но многу ретко од други луѓе. Но минатата недела таа и посвети дури четири поста на познатиот модел на својот профил кој го следат преку 40 милиони луѓе од целиот свет.
Причината за оваа изјава на љубов од страна на познатата пејачка е едноставна. Имено Наоми во последниот број на италијанскиот „Vogue“ се појави во парчиња кои ги дизајнираше Ријана во соработка со брендот Пума.
„Благословена сум што си ми пријателка, пријателка која ќе се јави на телефон во било кое време и која секогаш ќе најде време за своите пријатели…“ таа своите емоции ги преточи во зборови и текст кој го објави заедно со фотографиите.