Рики Мартин моментално престојува на Ибица заедно со својот нов партнер. Славниот пејач и Јван Јосеф беа фотографирани додека уживаа на јахта на шпанскиот остров и се разладуваа во морските води.
44-годишната музичка ѕвезда и 31-годишниот артист беа придружувани од шпанската актерка Естер Кањадас.
„Ме привлекуваат и мажи и жени и јас не верувам во сексуални етикетирања. Ние едноставно сме човечки суштества со емоционални и сексуални потреби“ – изјави неодамна Рики Мартин во интервју за мексиканското списание „Fama!“.
Познатиот пар првпат се појави заедно на црвениот тепих во април на хуманитарна гала во Бразил.