
Девојка од кинеската провинција Хенан, која била киднапирана кога имала две години, после 17 години се сретнала со своите родители.
Танг Шузхуо е киднапирана во октомври 1998 година кога таткото Танг Јунфу ја изгубил во гужвата пред семејната продавница во Нанјанг.
Потоа, нејзините родители ја затвориле продавницата и ја барале цели 17 години. Постојано обиколувале автобуски и железнички станици во надеж дека ќе ја пронајдат својата ќерка.
Тие во 2011 година отишле во полиција и оставиле примерок од својот ДНК.
Танг Шузхуо, која пораснала под презимето Чен, стапила во контакт со организација која се занимава со враќање на деца кај биолошките родители. Со нивна помош, девојката ги оставила своите податоци на онлајн платформата на полицијата.
Кога откриле дека ДНК се поклопува, полицијата ја споила девојката со нејзините биолошки родители. Таа се уште не ги известила луѓето со кои живеела, но и покрај се`, вели дека тие биле прекрасни родители кои ја третирале како свое дете.
Се уште не е сигурна дали ќе се пресели кај биолошките родители.