
Португалецот Кристијано Роналдо секогаш е во фокусот на вниманието на јавноста не само поради своите настапи во Реал Мадрид и во португалската репрезентација, туку и поради дружењето со прекрасните девојки кои го користат секој миг да бидат во негова близина.
Тој официјално нема девојка откако ја раскина врската со прекрасната Русинка Ирина Шаик, но се чини дека е „уловен“ во нова љубов. Тој ја „ќари“ Касандра Дејвис, една од најпопуларните фитнес модели во САД, која неофицијално е сопственичка и на најубавиот задник на Инстаграм.
Роналдо и Касандра минале прекрасни мигови во Мајами ова лето, а папараците успеале да си ја завршат својата работа.






