Само една холивудска лага?! Како Бред и Анџелина со години јавноста ја држат во заблуда

popara21 декември, 20161min00
5

Американските медиуми пишуваат дека славниот пар Анџелина Џоли и Бред Пит спогодбено се разделиле уште пред две години, после кавгата поради љубомора на доделувањето на Оскарите во 2014 година, што е повеќе од две години пред да објават дека се разведуваат.

Како што пишува “Radar Online”, тие со години ја држат јавноста во заблуда дека се заедно и дека се вљубени.

– Таа многу лошо се однесуваше таа вечер и со сите сили се трудеше да го привлече вниманието и ја покажуваше својата нога – октрива изворот, мислејќи на сега веќе познатото позирање на Анџелина во црн фустан со висок шлиц.

– Таа беше многу груба кон него, а поради сето тоа, Бред Пит порано ја напушти прославата со тимот од филмот ’12 години ропство’, кој беше награден. Не му дозволи да ужива во ниеден момент. Таа вечер многу се искараа и се договорија да се разделат.

Интересно е дека и покрај тоа, тие се венчаа во 2014 година бидејќи наводно не можеле да ги откажат свадбените планови и подготовки. Овој весник тврди дека нивниот брак бил целосна фарса, која сега се претвори во бескрупулозна борба за старателство над нивните шест деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag