Samsung ги претстави новите Galaxy S7 и S7 Edge

popara23 февруари, 20161min00
5

Јужнокорејскиот технолошки концерн Samsung на Светскиот конгрес за мобилните технологии во Барселона ја претстави својата нова линија на водечките паметни телефони со ознаки Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, за кои нарачките започнуваат денес.

Edge моделот доаѓа заоблен од предната и задната страна овој пат, а дисплејот му е поголем – S7 има 5,1 инчи, а Edge има 5,5 инчи, двата имаат AMOLED екрани со резолуција до 2,560×1,440 пиксели.

Под хауба телефоните имаат Snapdragon 820 процесор, функционираат со Androidu 6.0 Marsmallow, во комбинација со 4GB RAM меморија и 32, и 64GB внатрешна меморија, камера со резолуција од 12MP, а најдоброто е што моделите се водоотпорни.

Функцијата на постојано вклучен дисплеј овозможува корисникот постојано да биде во контакт со дојдовните известувања во реално време или со претстојните настани во календарот без да се скршнува погледот, на пример, на деловни состаноци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag