Се пие 4 дена, половината се намалува 10 см: Рецепт за совршена бикини линија!

popara24 јуни, 20161min00
19

Со доаѓањето на сончевите денови, повеќето жени рамислуваат како да се ослободат од вишокот килограми и како да бидат подготвени за на плажа.

Ако и вие сте меѓу нив, идеално решение за вас понуди нутриционистката Синтија Сас, која го смислила диеталниот пијалок со чија помош обемот на половината може да се намали дури за 10 сантиметри, што е пропорционално на губење на три килограми за само 4 дена! За овој „план“ да ви успее, потребно е во тек на четирите дена, додека го конзумирате пијалоккот, да избегнувате слатки, грицки, мрсна и калорична храна, а да се свртите кон поздрави намирници.

За да го направите овој моќен согорувач на масти, потребни ви се 2 литри вода, 1 краставица, 1 лимон, лажица ѓумбир во прав и 12 листови нане.

Подготовка:

Лимонот добро измиjте го, не лупете ја кората, туку исечете го на парчиња и ставете го во 2 литри вода чиста вода за пиење. Краставицата излупете ја, исечете ја на мали парчиња и додадете ги во водата, а потоа ставете ги листовите нане и ѓумбирот во прав. Промешајте со лажица, покријте и оставете го садот да отстои во фрижидер цела ноќ.

 

Штом ќе станете наредното утро, веднаш почнете со конзумирање на моќната течност, испијте ја целата, а вечерта направете нов пијалок за наредниот ден.

За да ги видите резултатите, потребно е да го пиете овој пијалок најмалку 4 дена и за тоа време да не пиете ниедна друга течност. По само четири дена, пијалокот толку ќе ви се заслади, што нема ни да помислите да престанете да го пиете!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag