Слатката Моника од хит серијата „Friends“ е уште еден пример за претерување со пластичните операции за младешки изглед. Актерката повеќе не личи на себе поради многуте козметички третмани на лицето.
Пред една година Кортни изгледаше навистина непрепознатливо на црвениот тепих по што актерката призна дека претходно користела ботокс со цел да го задржи младешкиот изглед, но наведе дека престанала со тоа. – Не е никаква тајна дека користев ботокс во минатото, но никогаш нема да заминам под нож – изјавила актерката своевремено, но најновите фотографии ја демантираат.
Инаку актерката во моментов има 51 година, а повеќето коментари за неа по повторното собирање на екипата од „Friends“ беа далеку од позитивни.