Украинската пејачка Руслана пред 12 години победи на Евросонг со песната “Wild Dances”. Потоа продолжила да гради музичка кариера во таа земја, а се занимавала и со политика. Била една од најгласните говорници за време на украинската криза, пишува Киев Пост.
Иако веќе не е дива Амазонка, како на Евросонг 2004, Руслана и натаму е атрактивна.
Поради својот политички ангажман примала многу закани, а во 2013 се заканила дека ќе се запали на киевскиот плоштад поради одлуката на властите да се откажат од потпишување на Договорот за придружување кон ЕУ.
На протестите против таа одлука Руслана имала чести настапи.