Седум едноставни вежби за совршен стомак

popara17 јуни, 20161min00
7

Најдобар начин за да имате совршено тело за летото е да почнете со вежбање неколку месеци порано. Но, најчесто сите чекаме да дојде последниот момент и две недели пред да се соблечеме на плажа почнуваме со вежбите за тело од соништата. Сепак, постојат вежби коишто ќе ви помогнат да го добиете посакуваниот стомак во последниот момент и за само две недели ќе забележите резултати.

Поза жаба

Легнете на грб, свиткајте ги колената, додека стапалата ви се допираат. Ставете ги рацете позади глава и полека кревајте го телото нагоре, останете некое време во таа позиција, па спуштете го телото надолу. Нозете цело време треба да ви останат во истата поза, а грбот треба да ви биде исправен. Повторете ја вежбата десет пати.

Крива линија

Легнете на грб со свиткани колена и ставете ги рацете покрај телото. Кренете го малку горниот дел од телото и потоа движете се прво со левата рака кон левото стапало, па со десната раката кон десното стапало. Долниот дел од телото треба да ви биде залепен за подот, а главата и вратот во права линија. Оваа вежба повторете ја 15 пати.

Поза греда

Свртете се на стомак и подигнете го телото на лактите и на прстите од стапалата. Направете 10 серии на вежби со по 5 повторувања.

Допрете ги прстите на стапалата

Легнете на грб и испружете ги нозете нагоре. Со помош на стомачните мускули кревајте го телото нагоре и со рацете допрете ги прстите на нозете. Грбот и нозете треба да ви бидат исправени. Оваа вежба направете ја по 15 пати во две серии.

Возење велосипед

Додека лежите долу кренете ги рамењата, ставете ги рацете позади главата и држете го грбот исправен. Левиот лакт допрете го со десното колено, потоа десниот лакт со левото колено. Направете 15 повторувања со секоја нога по две серии.

Вртење со нозете

Легнете на грб и раширете ги рацете. Долниот дел од телото држете го притиснат на подот и нозете споени вртете ги кон десната страна за да дојдат во паралелна линија со исправената десна рака. Потоа, вртете ги кон левата страна за да дојдат во паралелна линија со левата рака. Оваа вежба повторете ја по 15 пати во три серии.

Вежба со топка

Направете поза како на сликата подолу и потоа едната нога дигнете ја едната нога, а потоа спуштете ја на топката. Повторете и со другата нога. Грбот цело време треба да ви стои исправен. Направете две серии со 15 повторувања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag