Секогаш беше во сенка на своите сестри, а сега е попровокативна од било кога!

popara21 јуни, 20161min00
Таа е позната по тоа што речиси целиот живот работела на својата фигура и се чини дека конечно ја постигнала својата цел и го добила посакуваниот изглед.

Најмладата од сестрите Кардашијан, ријалити ѕвездата Клои (31) е фотографирана во Западен Холивуд облечена во тесен, портокалов фустан кој ја истакнал нејзината нова, совршена фигура.


Странските медиуми пишуваат дека Клои постигнала неверојатни резултати и дека никогаш не изгледала подобро. Таа секогаш беше во сенка на нејзините постари сестри Ким и Кортни, но се чини дека овој пат 31 – годишната Клои ќе ги засени популарните постари сестри, но и помладите полусестри Џенер.

Згодната русокоса вели дека многу креатори порано одбивале да ја облечат, а денес, откако има нова фантастична фигура, сите тропаат на нејзината врата. Сепак, таа вели дека сега не сака да соработува со нив.

„Мислам дека, откако ослабев, сите ме забележуваат многу повеќе. Стилистите отсекогаш им подаруваа поголемо внимание на Ким и Кортни, а јас за нив бев „многу работа“ или едноставно немаа ништо во мојот број“, вели Клои Кардашијан.

Ние се согласуваме дека со напорното вежбање и здравата исхрана Клои навистина постигнала совршени резултати, а разликата е и повеќе од очигледна. Да се потсетиме како изгледаше Клои пред неколку години.