48-годишната дива беше прогласена за музичка икона, а наградата „Billboard Music Icon Award“ ѝ беше врачена од синот Рене-Чарлз. Во својот говор, Дион му ја посвети специјалната награда на сопругот Рене, кој почина во јануари годинава. „Извинете, не сакам да плачам пред вас. Сакам да бидам силна за моето семејство и децата… Рене ова е за тебе. Шоуто мора да продолжи“ – рече низ солзи таа.
https://www.youtube.com/watch?v=m2VKgkjLKwM