
Пред два месеци Бијонсе го издаде новиот албум Lemonade, а вчера конечно излезе видео спотот за хитот Sorry, каде што се појавува и познатата Серена Вилијамс.
Во новото црно-бело видео, поп дивата и тенисерката ги покажуваат своите облини, а се појавуваат и други згодни девојки кои ја претставуваат моќта и независноста на жените. На крајот на спотот Бијонсе се појавува со изглед инспириран од кралицата Нефертити, целосно покажувајќи ја својата убавина.

Оваа песна е посветена за сите жени кои биле изневерени од својот партнер, па затоа и се појавија сомнежите за неверството на Џеј-Зи.